Системите за складирање на електрична енергија инсталирани во двете трафостаници (една во Хрватска и една во Словенија), започнаа со пробна работа. Овие два погона имаат максимален капацитет од по 5MW (вкупно 10MW) и време на складирање од 5 часа. Тие се дел од проектот Sincro.Grid, кој го спроведуваат операторот на словенечкиот систем за пренос на електрична енергија (ELES) и хрватскиот оператор на преносниот систем (HOPS), заедно со операторите на дистрибутивните системи на двете земји – SODO и HEP ODS. Тие се здружиле во работата на дигитализација на постоечката електроенергетска инфраструктура. Тоа е прв проект во Европа во кој операторите на соседни преносни системи заеднички го регулираат и оптимираат напонот во своите електроенергетски мрежи.
Секако, новиот систем ќе помогне во балансирањето, што е особено важно во услови на раст на уделот на енергијата од обновливи извори. Покрај двата системи со батерии, инсталирани се и четири компензациски уреди, со цел максимална ефикасност во користењето на постоечката инфраструктура. Заедничката апликација инсталирана во двата национални диспечерски центри, овозможува воспоставување на Виртуелен прекугранучен контролен центар (VCBCC). Проектот е кофинансиран од страна на ЕУ.