Франција и Шпанија планираат следната година да организираат бројни меѓународни настани со кои ќе ја одбележат 50 годишнината од смртта на Пабло Пикасо. Француското министерство за култура објави дека Пикасо ќе се слави како универзален уметник, и како голем поборник за човекови права и слобода на изразување. Неговата славна Guernica, стана најголем меѓународен антивоен симбол. Во Париз се наоѓа еден од најзначајните светски музеи посветени на големиот уметник, каде е сместена најголемата светска збирка на делата на Пикасо.
Формирано е двонационално тело за координација на прославата, а организаторите на Пикасовиот јубилеј сметаат дека ова ќе биде еден од најважните светски настани во следната година. Планирано е одржување на вкупно 40-тина изложби и останати настани, главно во Европа и Северна Америка. Пикасо е роден на 25-ти октомври 1881 година во Малага во Шпанија, а иумпрел на 91 година, на 8-ми април 1973 година на југот на Франција.