Насловна / Вести / Се враќа Mitsubishi Colt, овојпат со електричен погон

Се враќа Mitsubishi Colt, овојпат со електричен погон

Colt, името кое јапонскиот производител не го користеше некое време, се враќа во гамата од 2023 година.  Mitsubishi  ќе “ја избрише прашината“ од оваа ознака која не беше активна речиси една деценија. Поткомпактниот хечбек се враќа во Европа токму на време за да ја прослави 60 годишнината од лансирањето на оригиналниот Colt 600 од 1962. Најавата за враќање на некогаш многу популарниот автомобил е поткрепена со “тизер“ за фотографијата на која се наговестува изгледот на новиот модел и некои детали од дизајнот.

colt1

colt2

Техничките спецификации засега се тајна, но во  Mitsubishi велат дека Colt за 2023 година ќе биде поставен на CMF-B механичката платформа на групацијата Renault-Nissan. Тоа значи дека хечбекот со 5 врати ќе биде механички поврзан со моделите како што се Renault Clio и Nissan Micra. Покрај моделот Colt, Mitsubishi на европскиот пазар ќе понуди и нов ASX, како сестрински модел на Renault Captur.  И двата модела ќе ја користат механиката на Renault, а ќе се произведуваат во фабриките на францускиот производител. Малиот SUV ќе пристигне прв, на почетокот на следната година, а  Colt  наесен 2023 година.

colt3

Испрати коментар

Scroll To Top