Насловна / Архитектура / Indian Creek – „бункерот на милијардерите“

Indian Creek – „бункерот на милијардерите“

Indian Creek е остров на богатите и славните која се простира на површина од 1,2 километри квадратни во заливот Biscayne во Miami Beach. Поради високата заштита на приватноста и безбедност, но и поради профилот на луѓето кои таму имаат имот, островот го нарекуваат и „бункер на милијардерите“   (Billionaire Bunker).  Таму имоти поседуваат финансиски инвеститори, саудиски шеици, руски нафтни магнати, поранешни спортски легенди, како и ѕвезди од шоу бизнисот. Кон ексклузивноста на местото придонесува и фактот што на островот се достапни само 41 имот.

creek1

creek2

Спектакуларните ддомови вклучуваат теретани, спа зони, пространи вински визби, голф терени, приватни плажи и други луксузи, а просечната цена се движи околу 20 милиони долари. Indian Creek е еден од најбогатите, најбезбедните и најприватните места во САД, а секако меѓу ретките од ваков вид и во светот.  Ова не треба да зачудува ако се знае дека единствениот копнен пристап (преку мост) до островот е строго чуван. Покрај тоа, приватно вооружено обезбедување патролира 24 часа дневно.

The Pinnacle List

creek4

Испрати коментар

Scroll To Top