Насловна / Вести / Бројот на шумски пожари на глобално ниво би можел да се зголеми за 50 отсто до 2100 година

Бројот на шумски пожари на глобално ниво би можел да се зголеми за 50 отсто до 2100 година

Расте бројот и тежината на шумските пожари поради климатските промени и преобликувањето на теренот, а може да се каже дека најголемата одговорност за оваа појава е кај луѓето.

До крајот на овој век, светот може да се соочи со 50 отсто повеќе шумски пожари отколку денес, предупредува новиот извештај на Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP). Причините за тоа се пред се од антропоген карактер – се работи за климатски промени, преобликување на теренот и неодговорно управување со земјиштето, кои веќе ги прават пожарите почести и поостри од минатото.

sumski

Извештајот предвидува дека до 2030 година, бројот на шумски пожари би можел да се зголеми за 14 отсто на глобално ниво во споредба со сегашниот просек, или 30 отсто до крајот на 2050 година.

Според проекциите на УНЕП, областите кои претходно се сметаа за ризични за шумски пожари ќе горат почесто, а пожарот во просек ќе трае подолго. Дополнително, извештајот на УНЕП покажува дека пожари би можеле да се појават и во области кои инаку се поотпорни на пожар, кои станале поранливи поради променетите климатски услови. Овие места вклучуваат мочуришта како што се тресетските мочуришта кои се сушат, како и арктичките региони каде што се топи вечниот мраз.

sumski1

Шумските пожари, исто така, имаат свое влијание врз климатските промени со ослободување на дополнителни количини на стакленички гасови во атмосферата и уништување на виталните екосистеми кои помагаат да се складира јаглеродот. Поради оваа интеракција меѓу глобалното затоплување и пожарот, авторите на извештајот ја нагласуваат важната улога на обновувањето на екосистемот во областите со висок ризик со цел да се зачува природната отпорност.

Загрозувањето на животните и нивните живеалишта е дополнителна компликација, со оглед на тоа што одредени видови, поради шумските пожари, може да завршат поблиску до истребување. Типичен пример за тоа беа мега-пожарите во кои во текот на 2019 и 2020 година изгореа 97 илјади квадратни километри вегетација во Австралија, каде живеат 832 видови автохтони ‘рбетници. Во особено загрижувачка ситуација се најдоа 21 вид на кои им се закануваше исчезнување уште пред овие трагични настани.

Експертите особено посочуваат дека постојните нивоа на заштита од пожари во светот не можат да одговорат на прогнозираните сценарија, поради што апелираат до владите на земјите да го преиспитаат пристапот кон овој проблем.

sumski2

Извештајот препорачува владите да ја усвојат т.н Формулата на подготвеност за пожари, во која две третини од буџетот ќе бидат наменети за планирање, превенција, подготовка и закрепнување, а една третина за одговор на пожари, за што во моментов се потрошени половина од средствата. Најзагрижувачката работа за прераспределбата е тоа што планирањето добива помалку од еден процент од финансирањето.

“Сегашните владини одговори на шумските пожари честопати ги пренасочуваат парите на погрешно место. Вработените во брзата помош и пожарникарите кои се на линијата на фронтот ги ризикуваат своите животи во борбата со пожарот и мора да добијат соодветна поддршка. Треба да го намалиме ризикот од екстремни шумски пожари со тоа што ќе бидеме подобро подготвени: да инвестираме повеќе во намалување на ризиците од пожари, да работиме со локалните заедници и да ја зајакнеме нашата глобална посветеност во борбата против климатските промени“, вели Ингер Андерсен, извршен директор на УНЕП.

sumski3

И покрај тоа што ситуацијата е сериозна, не е безнадежна – авторите на извештајот наведуваат дека за да се намалат опасностите, штетите и загубите од пожарите, неопходно е да се соработува со локалните заедници и да се соберат нивните знаења, да се слуша природата и да се инвестираат пари и политички капитал.

Испрати коментар

Scroll To Top