Насловна / Архитектура / Хотелска соба обложена со птичји гнезда

Хотелска соба обложена со птичји гнезда

Опкружена со врвови на дрвја, оваа хотелска соба има за цел да ја подобри околната биосфера. Ако се прашувате како тоа може да се направи, овој објект од 34 метри квадратни е „завиткан“ со 350 куќички за гнездење птици, со што се обезбедува живеалиште за локалните птици, а на гостите им се дава чувство на целосно соединување со шумата.

gnezda1

Проектирана за Treehotel во шведскиот дел на Лапонија, објектот е најновото дополнување на серијата индивидуално проектирани соби на хотелот, создадени од некои од најпознатите архитектонски студија како што се Snøhetta, Rintala Eggerstsson и Tham & Videgard.

Идејата на Bjarke Ingels Group применета во оваа хотелска соба на тој начин ќе го поттикне зајакнувањето на локалната биосфера и ќе помогне во борбата против падот на популацијата на птиците, пишува ArchDaily.

gnezda2

“Податоците покажуваат дека се намалува бројот на различни популации на птици. Шумарството доведе до намален број на природни отвори во дрвјата каде што птиците се гнездат. Затоа, поставувањето на овие гнезда е важна мерка што треба да се преземе“, вели Улф Охман, шведски орнитолог и соработник на проектот.

“Проектиравме нов додаток на Treehotel – нашата биосфера – за да создадеме уникатно искуство за гостите на хотелот, инспирирано од квалитетот на околната шума и апсорбирајќи ја во внатрешноста. Одговорот на животната средина е двигател на архитектонскиот израз“, вели Жоао Албукерки, архитект и партнер во BIG.

gnezda3

До објектот се пристапува преку висечки мост кој почнува од земјата и води до влезот опкружен со дрвја.

Птичјите гнезда што ја опкружуваат стаклената кабина се разликуваат по големина во зависност од видот на птицата за која се наменети.

gnezda4

Темниот ентериер го привлекува вниманието на гостите кон надвор, а терасата на покривот нуди панорамски поглед на околната шума.

Овој интересен проект се планира да биде завршен во мај годинава.

gnezda5

Испрати коментар

Scroll To Top