Повеќето архитекти ќе потврдат дека локацијата ја диктира структурата, замислувајќи куќи кои ја максимизираат природната светлина со неверојатен поглед.
Домот во Хјустон направен од Lake|Flato Architects и Лорен Ротет од Rottet Studio претставува модерна резиденција со оригинален отпечаток, во изобилие од зеленило кое максимално го користи живописниот амбиент. Станува збор за дом кој нуди неверојатно чувство на спокојство.
Големиот тросед Minotti тапациран во ткаенина Holly Hunt е споен со стаклена клуб маса по мерка во дневната соба. Материјалите кои преовладуваат во домот вклучуваат поцрнет челик и дрво.
Ѕидовите кои се направени од масло со орев се повторуваат низ домот, трпезаријата и главната спална соба ја продолжуваат врската меѓу внатрешниот и надворешниот дел. Лорен Ротет од Rottet Studio ги исполнил просториите со парчиња што имаат рефлектирачка површина или се проѕирни.
Мебелот, исто така, помога да се дефинираат различни зони на отворениот главен кат, особено меѓу собите за дневен престој и кујната, каде што барот служи како работна маса во текот на денот, но се трансформира во пространа област за сервирање кога семејството се забавува.
Големиот тросед и столчиња Minotti помагаат да се обликува просторот за седење. Придржувајќи се до прецизната и минималистичка естетика на клиентот, Rottet избра други парчиња, како што се масата Eric Schmitt Bulb, табуретките Yabu Pushelberg и страничната маса од Holly Hunt Absinthe. Блескавите светлосни тела инспирирани од природата, вклучително и лустерот Lindsey Adelman Cherry Bomb, исто така се вклопуваат во стилот на домот како во внатрешниот, така и во надворешниот дел.
АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА