Насловна / Вести / Три во едно – слушалки, заштита од бучава и прочистувач на воздухот

Три во едно – слушалки, заштита од бучава и прочистувач на воздухот

Позната по своите апарати за домаќинство, компанијата Dyson лансира бежични слушалки кои имаат вграден систем за филтрирање на воздухот. Компанијата вели дека нејзиниот производ Dyson Zone е наменет за милиони жители на градовите ширум светот, кои се изложени на високи нивоа на загадување на воздухот и прекумерна бучава.

dycon1

За разлика од било што досега произведено во Dyson, блутут слушалките кои го прочистуваат воздухот привлекоа голем интерес, главно поради необичниот изглед. Станува збор за сет големи плишани слушалки со пластична маска која оди од уво до уво преку устата, а многумина ги потсетува на маската на Бетменовиот противник од филмот The Dark Knight Rises. Слушалките имаат вграден мотор, вентилатор и двослоен филтер за прочистување на воздухот во секоја слушалка. Воздухот се вовлекува низ филтрите кои отстрануваат 99% од честичките со големина до 0,1 микрон, вклучувајќи полен, бактерии и прашина, како и гасови. Филтрираниот воздух потоа минува долж внатрешниот визир. Слушалките имаат сензори кои детектираат со која брзина се движи корисникот и така автоматски го подесуваат протокот на воздух со цел корисникот да добива по пет литри прочистен воздух во секунда.

dycon2

dycon3

Сензорот за квалитет на воздухот во левата слушалка го следи нивото на загадувањето во реално време и праќа податоци за апликацијата на телефонот и на корисникот му укажува кога треба да ги замени филтрите, кои би требало да траат околу 12 месеци во Европа (во позагадените региони во светот, филтрите треба да се заменат почесто). Батеријата трае до четири и пол часа при најниска стапка на прочистување, или максимално 90 минути доколку корисникот трча. Ако се користат само како слушалки, батеријата трае и до 40 часа. Слушалките Dyson Zone треба да се појават во продажба оваа есен, а се претпоставува дека цената ќе биде во опсегот од 600 до 1200 евра.

 

Испрати коментар

Scroll To Top