Ова неверојатно компактно студио е дизајнирано од страна на франсцуското биро Betillon and Dorval-bory. Генијалниот апартман е интегриран во реновирана француска градска куќа. Додека живеалиштето во себе го содржи потребниот минимум за модерното живеење, архитектите направиле повеќе од тоа со паметно користење на боја и светлина.
Крајот на станот, каде горе е сместена спалната а долу бањата, се потопени во жолта светлина која јасно се разликува од останатиот дел од станот кој е обоен во бела боја. Неверојатно е да се види како со визуелна измама и фенг шуи се добиваат техники на светлина кои може да бидат неверојтно ефектни. Иако можеби звучи невозможно, во студиото можат комотно да живеат две лица.