Наместо преку рускиот воздушен простор, линијата на Cathay Pacific помеѓу Hong Kong и New York ја заобиколува најголемата држава во светот и го продолжува летот кој инаку трае 15 часа на околу 17 часа. Cathay Pacific го има новиот светски рекорд за најдолг лет кога е во прашање најдолгиот комерцијален лет на светот во однос на поминатото растојание.
Имено, со цел да го избегне рускиот но и украинскиот воздушен простор, националниот воздушен превозник од Hong Kong ја промени рутата до New York. Од аеродромот John F. Kennedy во New York преку Атлантикот, Велика Британија, јужна Европа и централна Азија до Hong Kong. Наместо претходната оддалеченост од 12.990 km, авионот сега мора да мине 16.618 km за да дојде на својата дестинација.
Со тоа, Cathay Pacific го надмина досегашниот рекордер Singapore Airlines, кој досега ја имаше титулата на превозник со најдолг комерцијален лет на светот.