Насловна / Вести / Роботи ќе им помагаат на пожарникарите во Њујорк

Роботи ќе им помагаат на пожарникарите во Њујорк

Компанијата Hyundai во изминатите години го проширила својот технолошки бизнис и вон автомобилската индустрија, а еден од примерите е т.н „роботско куче“, развиено за потребите на пожарникарските служби во САД. Носител на овој проект е компанијата Boston Dynamics, а овие роботи ќе им помагаат на пожарникарите и ќе спасуваат човечки животи. На пожарникарите не им е новост користењето на роботи бидејќи тоа е позната технологија уште од 2014 година. Super Droid  е развиен од страна на Catepilar, но тој не се покажал доволно добар за да ги совлада бројните предизвици со кои се соочуваат пожарникарите, вклучувајќи ризични задачи. Hyundai ја развива роботиката од 2018 година, а минатата година овој сегмент е купен од страна на Bоston Dynamics, компанија која стои зад некои од најнапредните и најспособните помошни роботи било кога произведени. Меѓу нив е секако роботот Atlas, хуманоиден робот кој може да изведува многу операции.

roboticdog1

roboticdog2

New York Times пишува дека Hyundai и Boston Dynamics ќе потпишат договор со њујоршките пожарникари за две напредни „роботски кучиња“ кои чинат по 75.000 долари. Овие роботи содржат термални камери кои покриваат 360 степени, и можат да совладуваат тежок терен. Користењето на овие роботи би помогнало во спасувањето на човечки животи. Во Бронкс претходно оваа година во пожар страдале 17 лица, а смртните случаи би биле спречени доколку се користеле роботи. Меѓутоа сеуште постои загриженост кај јавноста во врска со приватноста, надзорот и сајбер безбедноста, иако сепак се верува дека користењето на роботите за спасување животи ќе превагне на позитивната страна и ќе ги направи овие роботи “бестрашни херои“.

roboticdog3

 

Испрати коментар

Scroll To Top