Насловна / Вести / Катар предупредува дека нема доволно гас за Европа

Катар предупредува дека нема доволно гас за Европа

Катар во моментот не е во можност да им помогне на земјите од ЕУ во нивните напори да пронајдат алтернатива за рускиот гас, преку течен природен гас (ТПГ), рекол во саботата катарскиот министер за енергетика Saad bin Sharid al-Kaabi на меѓународната конференција Doha Forum. Според неговите зборови, во овој момент не постои никој кој во блиска иднина би можел во целост да ја надомести испораката на рускиот гас за европските потрошувачи. Ова не е прва изјава на al-Kaabi во врска со замената на увозот на руски гас.  Претходно веќе изјавуваше дека Катар не може да ја замени Русија која испорачува 30-40% од гасот за Европа.  Во интервјуто за CNN Business, катарскиот министер изјавил дека Катар вложил 28 милијарди долари во проширување на своето Северно поле и очекува зголемување на капацитетот за експлоатација на гас за над 60% во четири години. Потоа се очекува половина од овие капацитети да одат за Европа. „Нашиот план е да бидеме 50% источно од Суец, 50% западно од Суец“, рекол министерот.

katar1

Saad al-Kaabi, Minister of State for Energy Affairs, speaks during a news conference in Doha

Околу 80% од катарскиот гас оди за азиските купувачи, од кои многумина имаат потпишано долгорочни договори кои не допуштаат пренасочување на снабдувањето кон други купувачи. Слични ставови катарскиот министер изнел и за германскиот медиум Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ). Од друга страна, во последните недели претставниците на ЕУ и Велика Британија во повеќе наврати ја истакнуваа потребата за напуштање или намалување на зависноста од рускиот гас. Во исто време, Катар се сметаше за алтернативен снабдувач.

katar3

Испрати коментар

Scroll To Top