Насловна / Вести / Проект ZEBRA – прва ветерна турбина која може во целост да се рециклира

Проект ZEBRA – прва ветерна турбина која може во целост да се рециклира

Направен е првиот прототип на лопатка на ветерна турбина која во целост може да се рециклира, како резултат на истражувачкиот проект ZEBRA (Zero wastE Blade ReseArch). Ова е пресвртница во индустријата на ветерните турбини кон циркуларна економија и индустрија со помалку отпад. Станува збор за најголемата термопластична лопатка на светот, произведена од LM Wind Power, во сопственост на компанијата General Electric, во фабриката во Шпанија.  Долга е 62 метри и направена е од термопластична смола Elium  и стаклени влакна развиени од страна на компанијата Owens Corning. Истражувачкиот проект ZEBRA е започнат во септември 2020 година. Како што се истакнува, целта била да се испита и демонстрира техничката, економската и еколошката релевантност на термопластичните лопатки на ветерните турбини и да се применат решенија за еко дизајн кои овозможуваат рециклажа.

zebra1

zebra2

„Со овој проект решаваме два клучни предизвици во оваа индустриија. Од една страна, напредуваме во нашата визија за Zero Waste Blades, преку спречување на настанувањето на отпад и рециклирање на генерираниот отпад. Од друга страна, ја подигаме можноста за рециклирање на лопатките на ново ниво: термопластичниот композитен материјал, на крајот на векот на траење на лопатките, може да се искористи во други индустрии како конструктивен материјал, но исто така може да се деполимеризира и смолата повторно да се користи во производство на нови лопатки“, вели John Korsgaard од LM Wind Power.

zebra3

zebra4

Лопатката е направена откако партнерите во конзорциумот една година го развивале материјалот и ги тестирале подкомпонентите. Проектот ZEBRA го предводи францускиот истражувачки центар IRT Jules Verne, a вклучени се компаниите Arkema, CANOE, Engie, LM Wind Power, Owens Corning и Suez.  Во моментот, партнерите во проектот работат на развој и оптимизација на производниот процес користејќи автоматизација за намалување на потрошувачката на енергија и генерираниот отпад. Тестирањето на прототипот во полн обем почнува наскоро.

 

Испрати коментар

Scroll To Top