И Руската вселенска агенција „Роскосмос“ најави дека договорите со другите земји ќе ги пресметува во рубљи. Според агенцијата, овој потег следува откако претседателот Путин побара плаќање во руски рубљи на гасот продаден на „непријателските земји“. Веднаш по оваа изјава, цените на рускиот гас повторно почнаа да растат, а истовремено и рубљата зајкна на меѓународните пазари на валути. „Русија и натаму ќе испорачува природен гас согласно договорените количини и динамика, односно според договорените цени. Единствената промена е што сега плаќањето ќе биде во рубљи“, истакнал Путин.
Русија состави листа од „непријателски земји“, на која се најде и Македонија, односно земјите кои и воведоа санкции поради инвазијата на Украина. Меѓу останатите ограничувања за овие земји, Москва воведе и посебни дозволи за граѓаните и компаниите од овие земји за чие издавање е надлежна владина комисија.