Приштинското градско претпријатие за далечинско греење Termokos, ќе добие нови 70MW инсталиран капацитет за топлинска енергија за греење во соларниот проект вреден 64 милиони евра во градот Обилиќ. Станува збор за проектот Solar4Kosovo, а владата веќе му дала обобрение на Termokos за изградба на овој нов погон на површина од 25 хектари. Проектот се состои од соларен термален систем со колектори на површина од 6,9 хектари, но и фотоволтаична електрана на истата локација која ќе ја изгради енергетската корпорација KEK. Solar4Kosovo треба да го зголеми инсталираниот капацитет на приштинскиот систем за далечинско греење за нови 70MW.