Насловна / Вести / Велс: Рециклирани пелени за асфалтирање на патиштата

Велс: Рециклирани пелени за асфалтирање на патиштата

Во Велс е асфалтирана улица за која е користана мешавина во која има и рециклирани пелени. Станува збор за патот A487 во Lianarth, кој е асфалтиран со користење на рециклирани пелени во мешавината за асфалт. Проектот е реализиран со помош на локалната заедница, кои пелените ги одлагале во посебни контејнери. Потоа, овој отпад е рециклиран, а резултатот е значителна количина пластична маса погодна за повторна употреба.  Познато е дека растопената пластика е многу леплива, бидејќи нејизниот хемиски состав е сличен на битуменот, и се однесува на ист начин кога ќе се загрее. Мешањето на пластичната маса со врел катран и шљунак, овозможува добивање на смесата потребна за асфалтирање на патиштата, при што се користи помалку битумен на сметка ан пластичниот отпад.

diapers1

diaperhighway

Ова се навистина добри вести, бидејќи токму пластичниот отпад предизвикува катастрофа од светски размери. Индија веќе со децении гради патишта со помош на рециклирана пластика, а досега се асфалтирани илјадници километри улици токму со користење на рециклирана пластика. За стандардната смеса за асфалтирање, потребни се 10 тони битумен за секој километар, но благодарение на рециклираната пластика, оваа количина се намалува на 9.

 

Испрати коментар

Scroll To Top