Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Обновливите извори на енергија – излез за Грција?

Обновливите извори на енергија – излез за Грција?

0,,15721424_403,00
Пред две години Владата на Папандреу им загарантира на инвеститорите во обновливи извори до 47 евроценти по kWh, поттикнувајќи со тоа вистински „бум“ во соларната енергија. Над 90% од соларните постројки во Грција се изградени во последните неколку години, а инвеститорите покажуваат ентузијазам и за користењето на ветерот, биомасата и геотермалната енергија. Но, оттогаш повластените тарифи значително се намалија, што влијае дестимулирачки врз инвеститорите.
0,,15740512_403,00
„Земјата има идеални можности за искористување на енергијата од сонцето и ветерот, како ретко кое друго место во светот, но постојат бројни проблеми, меѓу кои и локалната администрација која поставува бројни пречки“ тврди Mouratidis, економист во германско-швајцарска енергетска компанија која инвестира во Грција. Така, додека од една страна малите бизниси профитираат од обновливите извори, големите инвеститори се маргинализирани. На пример, Helios project беше спектакуларно најавен од Атина во 2011, како најголемиот соларен парк во Европа, со капацитет од 10 GW до 2050 година. Но, проектот не успеа. Порталот Econews.gr оценува дека проектот е во мирување бидејќи ЕУ и Европската инвестициска банка покажале слаб интерес.

Испрати коментар

Scroll To Top