Првата соларна ќелија е направена пред 60 години. Сепак, нафтата и гасот и натаму доминираат со светскиот енергетски пазар. Но, соларната енергија полека го фаќа чекорот. Технологијата станува поевтина, а сè повеќе држави се вклучуваат во нејзиното субвенционирање. Еден од најголемите исчекори е направен од страна на американската сојузна држава Калифорнија. Лос Анџелес произведува 132 MW соларна енергија, главно преку соларни покриви, по што е на водечка позиција во САД. Градските власти планираат до крајот на 2020 година да задоволат 20% од потребите за електрична енергија на овој начин. До крајот на наредната година се планира бројката на соларни покриви да достигне еден милион.