Насловна / Вести / Во април премиера на електричниот BMW i7

Во април премиера на електричниот BMW i7

Паралелно со претставувањето на новата генерација на BMW Серијата 7, која и натаму ќе биде погонувана од мотори со внатрешно согорување, под светлата на рефлекторите ќе стигне и првата “седумка“ погонувана само од електромотори. Во очи на премиерата планирана за април во Минхен, сеуште се молчи за техничките детали на електричниот модел, но познато е дека i7 ќе биде најмоќната верзија на Серијата 7, што значи дека електромоторите ќе генерираат поголема моќност од онаа на 6,6 литарскиот V12 мотор кај BMW M760i (G12).

BMW1

BMW2

Иако сеуште не е официјално потврдено, речиси е извесно дека луксузното  BMW i7 кое е базирано на CLAR платформата, ќе има исти батерии и погонска група со електричниот SUV iX M60, a капацитетот на батериите ќе овозможува домет од најмалку 600 km. После априлската премиера, книгата на нарачки ќе биде отворена во втората половина од годината.

BMW3

 

Испрати коментар

Scroll To Top