Аукциската куќа Christie’s во мај на продажба го става легендарниот портрет на Мерилин Монро, чиј автор е американскиот уметник Енди Ворхол. Делото е проценето на 200 милиони долари. Станува збор за делото со наслов Shot Sage Blue Marilyn, кое Ворхол го насликал во 1964 година, а сликата сега е во сопственостна една швајцарска фондација. Од Фондацијата истакнуваат дека приходот од продажбата ќе го наменат за подобрување на животот на децата ширум светот преку здравствени и едукативни програми.
Енди Ворхол (Andy Warrhol 1928-1987) се смета за еден од најважните претставници на поп артот. Познат е по портретите на холивудските ѕвезди, но и по двата омоти на албумите на Rolling Stones.