Насловна / Арт и дизајн / Фрижидер на Карим Рашид – флексибилност при изборот на стилови

Фрижидер на Карим Рашид – флексибилност при изборот на стилови

Реномираниот дизајнер Карим Рашид, во соработка со компанијата Haier, креирал нови фрижидери Kustom Frigerato.

0_resize

Како и новите модели на Samsung Bespoke, овој дизајн функционира така што на своите сопственици им овозможува флексибилност при изборот на стилови. Исто така, неговите нови модели доаѓаат со заменливи предни панели, кои ќе одговараат на различни стилови на ентериер.

4_resize

Kustom Refrigerator ги носи сите предности на конвенционалниот фрижидер со опции за прилагодување за да одговара на личните барања и начин на живот. Купувачите можат да изберат од широкиот асортиман на материјали, вклучувајќи текстил, кожа, дрво и друго. Кога ќе посакаат да го променат изгледот на својот фрижидер, тоа можат да го направат многу едноставно.

3_resize

За овој дизајн, Карим Рашид бил инспириран од фактот дека повеќето фрижидери се многу банално дизајнирани со ограничени површински материјали, со рачки кои „излегуваат“ од неговиот дизајн. Фрижидерот Kustom за неговата визија веќе ја освои наградата за Product Design за време на iF Design Award 2021 година.

2_resize

1_resize 01_resize

Испрати коментар

Scroll To Top