Насловна / Вести / Велика Британија обезбеди финансиски гаранции за брза пруга Анкара – Измир

Велика Британија обезбеди финансиски гаранции за брза пруга Анкара – Измир

UK Export Finance ќе издаде гаранции за заем од 2,1 милијарди евра со кои ќе се финансира изградбата на 503 километри долга пруга за брзи возови во Турција. Станува збор за пруга која ќе ги поврзува Анкара и Измир, а проектот ќе донесе „огромни“ договори со домашните произведувачи на железничка опрема. На овој начин Британија ќе и помогне на Турција во декарбонизацијата на сообраќајот и исполнувањето на обврските за намалување на емисиите на стакленички гасови. Главни кредитори на проектот се Credit Suisse и Standard Chartered Bank.

ankara1

ankara2

ankara3

Испрати коментар

Scroll To Top