Насловна / Вести / Виена постепено ги укинува фосилните горива

Виена постепено ги укинува фосилните горива

Со цел до 2040 година да го декарбонизира снабдувањето со топлинска енергија, Град Виена е во потрага по дополнителни обновливи извори на енергија. Истражувањата покажуваат дека под главниот град на Австрија има потенцијал за користење на геотермална енергија. Како пример за користење на геотермалната енергија служи Минхен, кој има шест геотермални постројки, а планирано е да се изградат уште дванаесет.

geo2

Со цел размена на знаењата за геотермалната енергија, дигитализацијата и услугите за граѓаните, Минхен и Виена неодамна потпишале спогодба за соработка, а делегација од Виена ја посетила геотермалната топлана во Минхен чија градба е завршена минатата година и која снабдува со топлинска енергија околу 80.000 граѓани. И Минхен и Виена сакаат да постигнат климатска неутралност до 2040 година, и да ја намалат зависноста од природниот гас.  Покрај геотермалната енергија, важна улога и денес и во иднина имаат и топлинските пумпи. Станува збор за топлински пумпи со голема моќност за централизирано снабдување со топлинска енергија, кои како давачи ги користат најчесто урбаните отпадни води.

geo1

Покрај сите овие активности, Виена направи уште еден чекор кон постепеното укинување на фосилните горива. Од 2019 година, во одделни окрузи  новозиградените згради не смеат да користат природен гас за греење или топла вода, туку исклучиво енергетски ефикасни системи од обновливи извори. Ваквата мерка веќе е на сила во осум окрузи, а сега се воведува во нови пет.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top