Насловна / Арт и дизајн / Ермитаж бара да им се вратат делата позајмени низ светот

Ермитаж бара да им се вратат делата позајмени низ светот

Бројни музеи и галерии ширум светот деновиве добија писмо од Русија во кое се вели: „Жал ни е, но ве известуваме дека врз основа на одлуката на руското Министерство за култура мора да ги вратите делата кои ви се позајмени“. Писмото го потпишува професорот Михаил Пјотровски, познатиот директор на уште попознатиот Ермитаж. Пораката од Русија до западните музеи е јасна: „Со оглед на тоа дека Ермитаж е државен музеј во кој се наоѓа една од најважните збирки во светот, подгответе слики и амбалажа, а ние ќе се погрижиме за останатото. Целосно разбираме дека оваа одлука ќе ви предизвика голема тага“, се вели во писмото.

rs3_resize

Меѓу оние кои го примиле писмото се и некои реномирани италијански музејски институции кои моментално се домаќини на изложби на дела од познатиот музеј во Санкт Петербург – Palazzo Reale и Gallerie d’Italia во Милано, тие ќе мораат што побрзо да ги пратат во Санкт Петербург делата кои им се дадени. Станува збор за две слики кои се во поставката на изложбата отворена пред петнаесетина дена во Palazzo Reale, “Tiziano e l’immagine della donna nel Cinquecento Veneziano”, а кои мора да бидат вратени до крајот на месецот: „Млада жена со капа со пердуви“ на Тицијан и „ Млада жена со старец во профил“ на Џовани Кариани.

rs2_resize

Ова не е ништо во споредба со ситуацијата со која се соочува Gallerie d’Italia, каде што до 27 март трае изложбата „Gran Tour“ за патувањата на европската елита во 18 и 19 век. Од оваа изложба, реализирана во соработка со Ермитаж, во Русија треба да се вратат дури 23 дела.

Истата судбина наскоро, иако со потписи на други директори, би можела да ја снајде и Palazzo Roverella во Ровиго, каде до 26 јуни се претставуваат дури 80 ремек-дела на Василиј Кандински.

рс_resize

Меѓу институциите од кои Ермитаж побара враќање на позајмените дела е и Фондацијата Фенди од Рим. Конкретно, од Фондацијата беше побарано да ја врати „Млада жена“ на Пикасо од 1909 година, која во моментов може да се види на истоимената изложба посветена на оваа позната слика на шпанскиот мајстор, а реализирана во соработка со познатиот руски музеј.

rs1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top