Насловна / Вести / Кина ја претвора пустината Гоби во огромна хибридна електрана од 450GW

Кина ја претвора пустината Гоби во огромна хибридна електрана од 450GW

Кина е веќе прва во светот по стапката на изградба на електрани на обновливи извори на енергија. Во 2020 година, имала вкупно инсталирани 895GW, што е повеќе од ЕУ, САД и Австралија заедно. Но, владата во Пекинг сака да оди чекор понапред и пустината Гоби да ја искористи како центар за производство на зелена енергија од светски размери.

gobi1

gobi2

Во ова подрачје веќе се развиваат и градат проекти од вкупно 100GW, но државата планира веќе во 2030 година таму да има инсталирани 450GW. Пустината Гоби е шеста по големина во светот, и се простира на териториите на Кина и Монголија. Владата и претходно се обидувала да поттикне поинтензивен развој на нови електрани во ова подрачје, но слабата развиеноста на преносната мрежа била главното ограничување. Иако ова и натаму останува предизвик, Кина сега рутински гради огромни далеководи, а во меѓувреме значително с енамалија цените на опремата за соларни и ветерни електрани.

gobi3

Напорите пустината Гоби да стани електроенергетско средиште на Азија, па и на светот, извесно ќе придонесат за развој на сиромашните краеви во западна Кина. Сепак, Кина не се откажува ниту од јагленот. Овие постројки, според официјален Пекинг и натаму ќе бидат главниот извор на базна енергија и столб на стабилноста на националниот електроенергетски систем.

 

Испрати коментар

Scroll To Top