Насловна / Арт и дизајн / Ексклузивна изложба на Едвард Мунк во „Албертина“ во Виена

Ексклузивна изложба на Едвард Мунк во „Албертина“ во Виена

Во „Албертина“ во Виена е отворена изложбата на експресивниот симболист Едвард Мунк, норвешкиот сликар со уникатен сензибилитет и техника. Поставката го следи неговото влијание врз современите автори, меѓу кои и Енди Ворхол. Изложбата е насловена „Во дијалог со Мунк“ и ќе трае до 19-ти јуни 2022 година.

munk1

munk2

munk3

Според критичарите, неверојатна синергија ја носи оваа екслузивна поставка. Самиот Мунк е доволен за да и обезбеди единствено место во европската културна понуда. Изложени се 60 оригинали на Мунк, помал дел од раната, мрачна фаза, обележена со семејни трагедии, додека поголемиот дел се од подоцната експеримантална фаза во која доминираат формално-стилски елементи. Преминот е околу 1907 година, годината на раѓањето на современата уметност. Но, тоа не е се, бидејќи посетителот има можност да присуствува на „дијалогот“ кој неколку современи уметници го водат со нивниот идол. На тој начин, Мунковите теми како што се: осаменоста, изолацијата, болеста, смртта, љубомората и оттуѓувањето се разложени низ делата на седум современи автори. На пример, делото на Мунк, „Мадона“ е акт полн со самосвест. Истиот мотив кај Ворхол е најава за трагедија. Трауматичните искуства Мунк ги преточил во симболички форми, кои потоа опсесивно и во серија ги повторувал. Неговите архетипови со текот на времето станале икони на модерната визуелна култура. Таквата трансформација не само што ја објаснува во целост неговата уметност, туку и неговата општа препознатливост до денес.

munk4

munk5

Испрати коментар

Scroll To Top