Насловна / Вести / Грција се свртува кон саудиската нафта

Грција се свртува кон саудиската нафта

Снабдувањето со саудиска нафта е дел од програмата за воспоставување независност на Грција од руските енергенти и се очекува дека ќе биде довршено во следните недели. Договорот за потенцијално инвестирање на над две милијарди евра, спогодбата на грчката државна рафинерија за нафта Hellenic Petroleum и светскиот нафтен гигант, саудискиот Aramco за снабдување на Грција, како и договорот за влез на грчкиот пазар на компанијата за развој на обновливи извори на енергија ACWA Power, се резултатите од неодамна одржаниот грчко-саудиски деловен форум во Ријад.

hellenic1

hellenic2

Атинскиот дневник специјализиран за економски прашања, Oikonomikos Taxydromos пишува дека во саудискиот главен град, за овие и за други прашања преговарале четворица министри на грчката влада и 43 претставници на големи грчки компании. Склучена е спогодба за создавање на заеднички инвестициски фонд на двете земји, со почетен капитал од 500 милиони евра, за финансирање на саудиски проекти во Грција. Веќе е забележан напредок кон почетокот на воспоставувањето на минатата година најавената интернет врска помеѓу Грција и Саудиска Арабија со кабел за широкопојасен интернет, што ќе чини една милијарда евра. Тоа е всушност дел од проектот за поставување на кабел за широкопојасна интернет врска Сингапур – Џенова, која ќе ги опслужува центрите за обработка на податоци, што е основа за „дигиталната транзиција“ на економиите на земјите ширум светот низ кои ќе минува овој кабел. Една од најважните компании во подрачјето на развојот на инфраструктура за „чиста“ енергија, саудиската ACWA Power, ќе влезе на грчкиот пазар каде што за почеток има намера да изгради помал ветерен парк, а подоцна и поголеми проекти. Оваа компанија сака да соработува и на развојот на користењето на водородот како комерцијално гориво, во што веќе со години вложува сериозен капитал. Вториот грчко – саудиски деловен форум е веќе најавен за мај во Атина.

hellenic4

Испрати коментар

Scroll To Top