Со реконструкцијата на зградата на ЕЛЕМ и ЕВН, според урбанистичкиот план, киосците за брза храна на плоштадот „Македонија“ ќе бидат урнати. Компаниите што веќе имаат добиено одобрение за градба ја известиле општина Центар дека треба да почне отстранувањето на времените објекти на ДТУТ Нино ДООЕЛ Скопје, ДОО Лозена компани (Чичко Стоилко) и две бараки помеѓу горенаведените два објекти.
По уривањето ќе почне реконструкција на фасадата на огромната зграда во центарот на Скопје, на плоштадот „Македонија“.