Ајфеловата кула „порасна“ за шест метри, откако новата дигитална радио антена е прицврстена на врвот на симболот на Париз. Кулата сега е висока 330 метри. На крајот на 19 век, Густав Ајфел ја изградил кулата која подоцна го добива неговото име. Во текот на изградбата, кулата го надминува Вашингтонскиот споменик и станува највисока градба на светот направена од човекот. Оваа титула ја носи четири децении, односно до 1929 година, кога била изградена Chrysler зградата во Њујорк.