Холандската гасна компанија Gasunie, германската банка KfW и германската енергетска компанија RWE, на крајот на минатата недела потпишале Меморандум за разбирање со цел заедничка изградба на терминал за течен природен гас (ТПГ) во Brunsbüttel, во сојузната покраина Schleswig -Holstein.
Gasunie сака да тргне со градба на овој ТПГ терминал, кој освен течен природен гас ќе може да прифаќа и зелен водород, веќе во оваа година. Со капацитет од осум милијарди метри кубни годишно, терминалот отвора можност природниот гас да стигнува на германскиот пазар од оние подрачја кои се „вон дометот“ на гасоводите. Gasunie исто така ќе биде и оператор на терминалот.