Изградбата на данскиот дел од гасоводот Baltic Pipe, кој ќе ја поврзе Полска со норвешките гасни полиња, и покрај бројните ограничувања поврзани со зштотата на животната средина, сепак продолжува. До ваквиот развој на настаните доаѓа откако руската интервенција во Украина предизвика загриженост поради недоволното снабдување со гас и ги стави во втор план заштитените видови на глувци и лилјаци долж трасата, поради кои цели девет месеци изградбата беше запрена. Данскиот мрежен оператор Energinet извести дека добил нова еколошка дозвола и очекува гасоводот да биде делумно оперативен од 1-ви октомври оваа година, додека од почетокот на 2023 година ќе работи со полн капацитет од 10 милијарди m3.
Изградбата ан гасоводот е прекината откако данскиот одбор за жалби ја укинал дозволата, поради загришеноста за влијанието на гасоводот врз заштитените видови на глувци и лилјаци. Меѓутоа, настаните во Украина, ја ставија потребата од сигурност во снабдувањето пред заштитата на животната средина. Руски „Газпром“ испорачува половина од потребните количини на гас во Полска, но долгорочниот договор истекува на крајот на оваа година и Варшава не планира да го обнови.