Европските награди за одржлива енергија (EUSEW), имаат за цел да ги препознаат и истакнат поединците и иницијативите кои продонесуваат за европската транзиција кон чиста енергија и дигитализација во енергетиката. EUSEW наградите с еотворени за широк спектар на трудови и иновации од земјите на ЕУ или Европскиот економски простор. Тука спаѓаат проекти наменети за индустријата, како и локални иницијативи и поединци кои им помагаат на граѓаните, економијата или јавниот сектор, во работата на постигнувањето на целите од Европскиот зелен договор. На конкурсот можат да се пријават неодамна завршени или тековни проекти и активности, како и индивидуални и колективни агенции од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.
Заинтересираните можат директно да се приијават или да номинираат некого во следните четири категории – иновации, локални енергетски транзиции, жени во енергетиката и пионерски постигнувања ан младите во енергетиката. Повикот е отворен до 14-ти април. Финалистите ќе бидат избрани од страна на стручно жири, а победниците ќе бидат избрани преку јавно гласање по пат на интернет, кое ќе се одржи на крајот на август. Резултатите ќе бидат објавени во текот на церемонијата на доделување на наградите на 26-ти септември 2022 година.