Насловна / Вести / Хрватска: 1,5 милијарди евра за енергетска реконструкција на јавните згради

Хрватска: 1,5 милијарди евра за енергетска реконструкција на јавните згради

Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот на Хрватска, спроведува јавно советување за Нацрт програмата за енергетска реконструкција на зградите во јавниот сектор за периодот до 2030 година. Програмата донесува рамка за поттикнување на енергетската и сеопфатна реконструкција на зградите во јавниот сектор во Хрватска, во периодот до 2030 година, како и модел и план за реализација на првата фаза од планот, за периодот 2022 – 2024 година. Интегралната енергетска реконструкција опфаќа комбинација од повеќе мерки на енергетска реконструкција, а задолжително вкклучува една или повеќе мерки на обвивката на зградите со кои се постигнува заштеда во годишната потребна топлинска енергија за греење (QH,nd) од најмалку 50% во однос на состојбата пред реконструкцијата.

eobnova1

eobnova3

Програмата се однесува на секторот јавни згради кои опфаќаат 27,4% од вкупниот нерезиденцијален фонд, односно 9,5% од вкупниот фонд на згради во Хрватска. Насочена е во прв ред кон зградите со најлоши енергетски карактеристики, т.е оние кои припаѓаат во класа D, или полоши, во континенталниот дел на земјата, односно класа C или полоши во приморскиот дел. Проценетите вложувања изнесуваат речиси 1,5 милијарди евра, за разгледуваниот десетгодишен период.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top