Насловна / Арт и дизајн / Ретки предмети кои му припаѓале на Стив Џобс, понудени се на аукција

Ретки предмети кои му припаѓале на Стив Џобс, понудени се на аукција

На аукцијата насловена The Steve Jobs Revolution: Engelbart, Atari, and Apple, која завршува на 17-ти март, понудени се ретки предмети од времето на основање на компанијата Apple. Најинтересниот предмет за колекционерите, е чек од 1976 година, на кој е испишана вредност од 3.430 долари, а потпишан е од страна на основачите на Apple, Стив Џобс и Стив Возниак.  Се однесува на купување делови за Apple 1.

jobs1

jobs3

„Ова е од периодот кога сеуште немале свои инвеститори“, појаснува организаторот на аукцијата, Боби Ливингстон, извршен потпретседател на аукциската куќа RR Auction. „Причината поради која овој чек морале да го потпишат и двајцата, е наведена во нивниот договор. Имено, при било каков трошок повисок од 1.000 долари,  двајцата требало да дадат согласност, а ова е дозказ за тоа.“ На аукцијата се понудени и бројни други предмети поврзани со Џобс и раниот период на Apple, меѓу кои и негови фотографии од средно училиште, и пријавата која ја пополнил кога аплицирал за работа во Atari“, рекол Ливингстон. „Стив Џобс нема многу потпишани документи. Не сакал да ги потпишува, па затоа неговиот потпис е толку редок. Овој на чекот што с енуди на аукција е всушност еден од најретките за кој се заинтересирани колекционерите. Секогаш кога ќе се појави некој документ со негов потпис, се продава за сериозни суми“, рекол Стивен Леви,, главен уредник на часописот за развој на нови технологии Wired. Американската аукциска куќа напишала дека предметите, меѓу кои и една од првите конзоли за видеоигри Atari, како и компјутерското глувче на Douglas Engelbart од 60-тите години, овозможуваат да се раскаже приказната за историјата на компјутерите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top