Контроверзниот гасовод Северен тек 2, помеѓу Рисија и Германија, погоден со мерките на санкции по руската инвазија на Украина, е „мртов“ и не ќе може да „оживее“, тврди државниот потсекретар за надворешни работи на САД Викторија Нуланд. Според неа тој гасовод никогаш нема да биде ставен во функција. САД веќе долг период се противат на овој проект, оценувајќи дека ги јакне капацитетите на Москва во користењето на гасот како геополитичко оружје.
Со оглед дека проектот беше речиси целосно завршен, а со цел да избегне конфронтации со официјален Берлин, американскиот претседател Џо Бајден во 2021 година се откажа од санкции кон главните оператори на проектот. Веднаш по почетокот на војната во украина, Германија го суспендираше Северен тек 2, токму во координација со САД. Веднаш потоа, германско-руската компанија одговорна за работењето на гасоводот со седиште во Швајцарија, ги отпушти сите 106 вработени.