Насловна / Вести / Висечкиот мост Капилано во Канада

Висечкиот мост Капилано во Канада

Капилано е единствениот висечки мост преку истоимената река во областа Северен Ванкувер, Британска Колумбија, Канада. Сместен во паркот Capilano Suspension Bridge park, мостот е со  должина 140 метри, а висината над реката е 70 метри.

1_resize

Висечкиот мост Капилано е дел од приватен туристички комплекс кој претставува многу интересна туристичка понуда на Ванкувер. Овој парк годишно го посетуваат 1,2 милиони туристи.

4_resize

Самата река Капилано, над која е изграден мост, во превод од јазикот на Индијанците, домородците од племето Сквамиш, значи „преубава река“, а така се викал и еден од поглаварите на племињата што живееле во тој крај.

6_resize

Првиот оригинален висечки мост бил изграден во 1889 година од јажиња направени од исплетен коноп и даски од кедар, а се користел за транспорт на дрвја од едниот до другиот брег. Неговата изградба ја иницирал шкотскиот градежен инженер Џорџ Грант Макај. По неговата смрт мостот во 1903 година бил зајакнат со челични кабли. Мостот бил зајакнат со дополнителни кабли и во 1914 година. Во 1935 година, доградени се некои објекти, а локалните индијанци биле вклучени во украсувањето на паркот со тотемски дрвени столбови. Во 1953 година мостот бил целосно реновиран кога на краевите биле поставени бетонски столбови за прицврстување на каблите. Во 1983 година, паркот прерасна во популарна туристичка атракција со многубројни содржини.

3_resize

На главниот впечаток од пешачењето по мостот придонесува извонредната природа што го опкружува. Покрај реката, флората и фауната на овој парк се вистинска ризница на природното богатство на Канада. Некои дрвја се стари повеќе од 1.500 години.

Иако е стар, мостот е многу добро обезбеден и многу издржлив. Можеш да издржи дури 97 слонови или 203 лоса или 4.520 дабари. И покрај добрата безбедност, се случиле неколку падови од мостот. Со почитување на правилата за однесување на мостот, нема причина за грижа.

5_resize

2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top