Проектот на оваа куќа на Крит, Грција е во хармонија со нејзината природна средина поради нејзината големина и употребениот материјал.
Употребата на природни материјали, како локален камен и дрво, придонесува за поинтензивен меѓусебен однос на објектот и природата.
Потпрена на планинска карпа речиси на врвот на ртот Кoутoулос, интегрирана во дивиот пејзаж и направена од земјени материјали, оваа издолжена викендица е заштитена од северниот ветер и гледа кон Критско Море на југ.
Архитектите Nikos lykoydis и Ismene Papaspiliopoulou проектирале цврст ѕид во форма на буквата L, изграден од камен, служи како продолжение на планината и го дефинира распоредот на сите внатрешни простории.
Две јасни структури, од кои едната се состои од дневна соба, кујна и трпезарија, а другата од спални соби, меѓусебно се поврзани со долга полуотворена дневна соба, почнувајќи од карпа и завршувајќи на издигната платформа која лебди помеѓу планината и морето, небото и земјата.
Сиви бетонски плочи, премаз од глина во бија на теренот на надворешните ѕидови, метал, природно дрво и локален природен камен се основните материјали на оваа викендица со површина од 216 квадратни метри.
Природните материјали прават викендицата да делува како продолжение на природните убавини што ја опкружуваат. Употребата на природен камен е присутна како во надворешноста, така и во внатрешноста.
Она што оваа викендица ја прави совршено место за одмор е нејзината совршена хармонија со природата што ја опкружува – поради исклучиво природните материјали што се корисени за нејзината изградба, и поради нејзината структура и форма.