Насловна / Вести / Германија интензивно бара алтернативи за руските енергенти

Германија интензивно бара алтернативи за руските енергенти

Во Германија интензивно се расправа за мерките кои би го ублажиле драстичниот раст на цените на енергентите и долгорочно би ја намалиле зависноста од руските извори на снабдување, а се размислува и за продолжување на рокот до кој германските нуклеарни електрани би требало да бидат исклучени.

germany1

„Технички е можно нуклеарните електрани подолго да останат во функција, но прашањето дали го сакаме тоа, е од политичка природа“ рекол баварскиот премиер. Тој смета дека продолжувањето на работата на нуклеарните електрани за „три до пет“ години, би помогнало во процесот на намалување на зависноста од руските енергенти, со истовремено запазување на климатските цели. Во моментот, во погон се само уште три германски нуклеарни централи, и тоа до крајот на оваа година. На крајот на минатата година, исклучени се три нуклеарни централи. Одлуката за затворање на нуклеарните електрани во Германија е донесена во 2011 година, после катастрофата во Фукушима.

germany2

germany3

Цените на нафтените деривати во Германија ги надминуваат историските граници. Средната цена на литар бензин достигнала ниво од 1,96 евра, а дизелот 1,98 евра по литар. По правило, дизелот е поевтин од бензинот, но оваа состојба се објаснува со зголемената побарувачка на маслото за ложење. Иако во овој период од годината, постои пад на побарувачката на овој енергент, сега ситуацијата е поинаква, што се објаснува со фактот дека дел од граѓаните кои се грејат со овој енергент создаваат залихи за следната зима. Во исто време, германскиот министер за економија им порачал на граѓаните рационално да ја трошат енергијата.

germany4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top