Ветерница од 18-тиот век, која е претворена во удобен дом, понудена е на продажба за 1,25 милиони фунти. Се наоѓа во Ковентри, Англија во природно опкружување. Објектот првобитно изграден како ветерница, во 1885 година е претворен во водена кула. Денес е прекрасен модерен дом со две бањи, кујна, дневна соба, четири спални и тераса. Има доволно простор, со оглед еека има пет ката, а прозорците и терасата нудат поглед на природното опкружување. На имотот има и сосема доволно место за паркирање на шест автомобили. Градината е идеална за семејства со мали деца, бидејќи има доволно простор за игра.