Насловна / Архитектура / Јапонска куќа која крие стогодишна историја

Јапонска куќа која крие стогодишна историја

Доколку сте љубител на јапонската архитектура, тогаш нема сомнеж дека ќе ви се допадне оваа интересна куќа со стогодишна историја! Нејзината локација се состои од богата градина која се одржува со години и мала двокатна куќа во јапонски стил сместена во центарот на имотот. Куќата е приватна сопственост и дом на постар брачен пар, но тоа не значи дека во исто време не е некој вид „јавно добро“ со оглед на тоа што е прилично отворена за светот.

japan

Тоа е нејзиниот отворен проект што ја прави толку посебна и совршена за создавање подлабоки врски меѓу домаќините и јавноста. Зградата целосно ја почитува околината, а во исто време успева да го добие епитетот на куќа во која луѓето сакаат да се собираат. Делумно реновиран за да ги следи сите општествени промени, структурата лесно ги прифатила новоизградените простори, оставајќи ја само двокатната главна куќа во центарот.

japan1

Секој потпирач е конструиран во согласност со околината на градината, така што дневната соба е опкружена со дрвја османтус, додека чајната соба е позиционирана веднаш до јапонските јавори. Од соботе се издвојува кујната со голем таван, во која навлегува многу природна светлина која се прелева на блиските скали, додека работната соба е дел од домот кој има ексклузивен поглед на ѕвезденото небо во текот на ноќта. Бањата исто така е проникната со меки зраци на светлина, така што за сите овие простори всушност може да се каже дека служат како еден вид интерфејс што ја поврзува старата главна куќа директно со градината.

japan2

Додека целата структура се состои од главната куќа, нови соседни простори и старата градина, различни суптилни шеми се поставени за дополнително да се отвори оваа структура. Старото скалило, стариот трем и мебелот се распоредени така што ги бришат границите меѓу постоечката и новоизградената површина, додека новите простории ги задржуваат постоечките материјали како што се старите гарнитури, столбови и осветлувањето.

japan3

Она што е најатрактивно во јапонската архитектура е што градината, самата куќа и мебелот се третираат како подеднакво важни, со тоа што се евидентни преклопувачките зони, кои само дополнително ја нагласуваат слоевитоста на конструкцијата. На овој начин се создаваат нови допирни точки како одговор на впечатоците што различни луѓе ги имале кон оваа куќа со импресивна историја.

japan4

japan5

japan6

Испрати коментар

Scroll To Top