Насловна / Вести / Поентата на Меѓународната вселенска станица е меѓународната соработка, но…

Поентата на Меѓународната вселенска станица е меѓународната соработка, но…

Американската вселенска агенција NASA, ги истражува начините на кои ќе може да опстане Меѓународната вселенска станица (ISS) без руска асистенција, иако во моментот не постои никаков знак дека Москва би ги повлекла своите космонаути.

iss1

Имено, американската страна e одговорна за обезбедување енергија и логистика за ISS, додека Русија го одржува погонот и стабилната орбита на 400 километри над површината на Земјата. Минатата недела, првиот човек на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Рогозин, споменал сценарио според кое руските космонаути би биле повлечени како одговор на американските санкции. Својата загриженост тој ја изразил на Твитер со низа објави, нагласувајќи дека без рускиот погон, со време станицата ќе губи на орбитата.

iss2

Kathy Lueders,  директорката на програмата на NASA за испраќање на луѓе во вселената, тврди дека помош понудила американската воено – воздухопловна  Northrop Grumman, а сериозно се смета и на SpaceX. Leuders  додава дека „работата на вселенската станица продолжува според планот и нема никакви знаци дека колегите од Русија не се посветени на својата работа.“

iss3

Испрати коментар

Scroll To Top