„Лауреатот на Прицкеровата награда за архитектура 2022 година ќе биде прогласен следниот месец“, соопштено е на официјалната веб-страница на Наградата.
Најрелевантното признание за архитектура треба да го открие својот лауреат или лауреати во април годинава, за разлика од вообичаеното објавување во март.
„Нобеловата награда за архитектура“, како што популарно се нарекува, од 1979 година се доделува еднаш годишно на жив архитект или архитекти со значајни достигнувања за човештвото и изградената средина.
Firmitas, utilitas, venustas
Како што пренесува ArchDaily, другите промени оваа година го вклучуваат назначувањето на Мануела Лука-Дачио за нов извршен директор на Наградата. Докторирала историја на архитектура на Универзитетот Рома-Киети во Италија и е поранешна извршна директорка на Одделението за визуелни уметности и архитектура на Биеналето во Венеција.
Лауреатот добива 100.000 долари и бронзен медалјон, заснован на дизајн на Луис Саливан, со името на наградата на предната страна, додека од другата страна се три познати зборови „истрајност, корисност и пријатност“, кои потсетуваат на основните архитектонски принципи на римскиот архитект Витрувиј – firmitas, utilitas , venustas.
Досегашните добитници на наградата Прицкер вклучуваат некои од најзначајните имиња во архитектурата, вклучувајќи ги Рем Колхас, Заха Хадид, Оскар Нимаер, Казуио Сеџима и Риуе Нишизава (SANAA), Норман Фостер, Тојо Ито, Алехандро Аравена, Балкришна Доши, Ивон Ферел и Шели Мекнамара и двоецот Lakaton & Vasal во 2021 година.
Lakaton & Vasal, лауреати 2021 година
Членови на жирито на Прицкеровата награда за архитектура во 2022 година:
Мануела Лука-Дачио, извршна директорка
Алехандро Аравена (претседател на жирито), добитник на Прицкеровата награда за 2016 година
Бери Бергдол, кустос, автор и професор по историја на уметност и археологија на Универзитетот Колумбија
Дебора Берке, архитект и декан на Школата за архитектура на Јеил
Стивен Брејер, судија на Врховниот суд на САД
Андре Арања Кореа до Лаго, архитектонски критичар, кустос и бразилски амбасадор во Индија, Делхи.
Казуио Сеџима, архитект, едукатор и добитник на Прицкеровата награда за 2010 година
Бенедета Талиабуе, архитект и директорла на бирото Miralles Tagliabue EMBT
Ванг Шу, архитект, педагог и добитник на Прицкеровата награда за 2012