Lexus UX 300e дебитираше на авто-салонот во Гуангжу, а токму на кинескиот пазар по прв пат е прикажан на јавноста. Освен во Кина, овој модел ќе се продава и во Јапонија, Австралија, но и во Европа. Наместо бензиски мотор, за погон с екористи електромотор со моќност од 204 и вртешен момент од 300 Nm. На празните батерии им се потребни околу 50 минути за целосно полнење на брз полнач од 50 kW, додека процесот на полнење на 6,6kW домашна приклучница трае околу 7 часа.