Русија ќе престане да им испорачува на САД ракетни мотори. Ова го изјавил шефот на „Роскосмос“, Рогозин. „Нека летаат во вселената со метли“, додал првиот човек на руската вселенска агенција. „не само што нема да им ги испорачуваме овие мотори (RD-180), туку нема ниту да им ги одржуваме. Станува збор за најмалку 24 ракетни мотори“, истакнал Рогозин.
Руската вселенска агенција „Роскосмос“, според претходно усогласената програма, требаше денес да лансира во вселената 36 интернет сателити на компанијата OneWeb, но русите поставуваат ултиматум, како реакција на британските санкции кон Русија поради нападот на Украина. Во своето соопштение, „Роскосмос“, истакнува дека ракетата „Сојуз“ ќе биде тргната од космодромот во Бајконур во Казахстан, доколку OneWeb не ги исполни следните два услови: Владата на Велика Британија да го продаде својот удел во компанијата, и компанијата да гарантира дека сателитите нема да бидат користени за воени цели.