Насловна / Вести / Fiat го претстави новото луксузно електрично комби возило, со домет од 330km

Fiat го претстави новото луксузно електрично комби возило, со домет од 330km

Италијанскиот производител на автомобили Fiat, продолжува со електрификација на своето портфолио. E-Ulysse  е електрично комби возило, за кое Fiat вели дека е идеално за посебни услуги на превоз како на пример ВИП шатл. E-Ulysse ќе биде достапен во две големини. Основната варијанта ќе има должина од 4.956 mm, a продолжената од 5.306 mm. Автомобилот е опремен со 17″ алу фелни, а меѓу бројните опции се и ксенонски фарови, електрична лизгачка врата и сл. Во зависност од конфигурацијата, E-Ulysse може да прими до 8 патници, додека максималниот волумен на багажниот простор (доколку возилото се користи само за превоз на стока) е 4.900 литри. Автомобилот е опремен со трозонски клима уред и 17″ екран на мултимедијален систем.

fiat1

Fiat-E-Ulysse-1

E-Ulysse нуди широк асортиман на системи за помош на возачот, вклучувајќи и автооматско кочење во итен случај, предупредување за фронтален судир, предупредување за ненамерно напуштање на возната лента и предупредување за бочен мртов агол. Има и задна камера, како и технологија за препознавање на сообраќајните знаци. E-Ulysse стандардно се испорачува со батерија од 50 kWh, која има автономија на возењето до 230 km, според WLTP циклусот. Купувачите исто така можат да доплатат за поголема батерија со капацитет од 75 kWh, која го зголемува дометот дo 330 km. Батериите го напојуваат електричниот мотор со моќност од 100 kW. Има можност за брзо полнење, така што помалата батерија се полни до 80% за 30 минути. Fiat E-Ulysse ќе се произведува во Франција, заедно со асортиманот на други слични комби возила од групацијата Stellantis, вклучувајќи ги Citroen Jumpy, Peugeot Expert и Opel/Vauxhall Vivaro. Книгата на нарачки се отвора овој месец, а испораките е планирано да започнат во мај.

fiat3

fiat4

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top