Архитектите Натанаел Дорент и Лили Џенкс неодамна соработувале на изградбата на невообичаено елегантен дом, сместен на рид со поглед на шкотските пасторални полиња.
Според нив, проектот комбинирал елементи од старото и новото со цел да создаде модерен и удобен дом, но и оддаде почит на локацијата.
Структурата, која има бели, футуристички ѕидови кои кривулесто се протегаат низ целата внатрешност на објектот, е целосно изградена во оригиналните камени ѕидови на стара селска куќа од 18 век, пишува This Is Colossal.
Завршницата на проектот е наведнат кров, сличен на оној што штител типична шкотска куќа низ историјата.
При градењето на структурата, архитектите се воделе од специфични погледи на околината, со цел да ги организираат прозорците на објектот.
Така, посебен овален отвор во ѕидот гледа на блиското поле каде што пасат кравите.
Бројните кровни прозорци во куќата обезбедуваат доволна количина на природна светлина, така што осветлувањето речиси никогаш не се користи во текот на денот, дури и при облачно време.
Целата електрична енергија потребна за да функционира куќата се добива преку соларни панели.