Станбениот комплекс Seaside Town на иранското биро Kalbod Studio Design е проектиран на локација од 48.000 квадратни метри и вклучува 71 вила (вклучувајќи шест главни типови). Земјиштето на секоја вила е околу 500 квадратни метри, сите вили се формирани на три ката и имаат површина од 450 квадратни метри.
„Во изработка на проектот се соочуваат волуметриски маси. На почетокот нашата конфронтација со волумените беше на наративен начин како волумените да се фигури кои настанале во меѓусебна реакција, а исто така формирањето на површините е апстрахирано од социјалната интеракција на нивните маси“, велат проектантите.
Во овој пристап, појдовната точка во проектот била да разгледаат како масите (соседите), меѓусебно комуницираат. И велат: „Понекогаш требаше да ја прекинеме комуникацијата и како резултат на тоа масите си го свртеа грбот една на друга (како да се ротираа во спротивна насока од соседите). Од друга страна, понекогаш ни беше потребна комуникација, а исто така и интеграцијата, така што површините се формираа како одговор на силите што се шират од формата на нивниот сосед (како ритамот на ѕидовите на средниот булевар или ориентациите на падот на плафонот).“
Исто така, крутоста на задниот дел на објектите го следи истото сценарио на интеракцијата на волумените (со цел да се блокира погледот на соседот кон внатрешниот простор).
Истиот пристап продолжува и во проектирањето на внатрешните простори, ѕидовите се закосени и воспоставуваат дијалог меѓу себе.
Чистотата на површините и претерувањето на аглите создале разновиден квалитет на просторот, а со врамувањето на просторите се обезбедуваат различни перспективи за корисниците. Сите архитектонски елементи имаат функционална задача да го комплетираат чувството за простор и избегнуваат да бидат само декоративни.
Хиерархијата на просторите е проектирана на начин што корисникот ги живее сите квалитети на отворен, полузатворен и затворен простор. Кровната градина со поглед на море е со визуелна приватност и без вознемирувачки глетки.
Се очекува изградбата да биде завршена во 2024 година.