Од граѓанска иницијатива „Независни за Карпош-За заштита на Карпош“ известуваат:
„Вчера имавме итна консултативна средба на сите советници со градоначалникот и Државен првобранител, за да ни појаснат колку е итен ДУП З04 блок 05 (делот кај СЦ Борис Трајковски). Од Државен правобранител, одговорен за подрачје Скопје, ни беше побарана соработка – носење на ДУПот, поради предметот во кој се тужи Општина Карпош од страна на ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ со укажување дека доколку не се соработува ќе биде должен да пријави кривична одговорност до ЈО според член 12 и 13 од Закон за Државното правобранителство.
Она што писмено го добивме пред средбава е дека тужителот Пуцко Петрол веќе имал една пресуда донесена од Основен граѓански суд во негова корист, а потоа второстепениот Апелациониот суд предметот го вратил на повторно разгледување пред првостепениот суд, каде на 16.02.2022 година, расправата завршила. На 4. март 2022 год е закажано рочиште за објавување пресуда.
Како е дозволено да се дојде до таа сума, како е воден предметот, дали е побаран одговрност или било каква друга информација писмено и официјално немаме, сè се сведува на усмени раскази од градоначалникот, на кој природно треба да му се верува.
Од она што успеавме да најдеме е следно:
– Во ГУП парцелата е со намена А+Б
– Во ДУП З04 донесен 12.07.2016 се појавува плац за бензинска пумпа – намена E2
– Јавното наддавање за продажба на државно земјиште – ГП бр.8.2 на 05.10.2016 година,
– Договор – немаме податок
– Одлука за Укинување на ДУП З04 од Уставен суд 09.07.2018
Зошто се чекало да се добие градежна дозвола повеќе од 1.5 година? Кои биле причините? Комуналии не се уплатени – тоа денес го дознавме – писмено и за ова немаме никакви официјални информации. Ама затоа треба да веруваме на „стручни лица“ и да не замараме, да не поставуваме глупи прашања, да ќутиме кога не знаеме, да не ги малтретираме стручните служби со барање на информации за кои не се разбираме дека не можеме да ги добиеме“.
„Независни за Карпош-За заштита на Карпош“