Германската „семафор“ коалиција, одлучила да го забрза процесот на преминување на зелена енергија. Државниот секретар при министерството за економски односи и клима, Оливер Кришер вели дека со примена на бројни мерки, до 2035 година ќе биде постигнат целосен премин на обновливи извори на енергија. Тоа не само што придонесува за борбата против климатските промени, туку ја прави Германија независна од рускиот гас, нафта и јаглен. Извори од министерството рекле за весникот Der Spiegel, дека амандманот на законот за обновливи извори на енергија е веќе готов. Со него за забрзува проширувањето на капацитетите за производство на зелена енергија.
Претходниот рок за целосна декарбонизација односно климатска неутралност беше 2050 година. Според тоа, проширувањето на капацитетите сега ќе биде значително забрзано, првенствено во ветерни електрани на копно и на море, но и соларни електрани. Федералната влада исто така ќе влегува и во т.н „договори за разликата“. Според нив, гарантирана е минимална заработка по секој kWh. Доколку цените на електричната енергија се покачат, операторите ќе мора да ја вратат заработката над планираната граница. Прво тоа ќе се бара од соларните системи и од ветерните електрани на копно, а потоа и од офшор ветерните електрани. Во актуелната енергетска криза, производителите на енергија работат со голема заработка на штета на потрошувачите. Со оваа мерка намерата е тоа да се стави под контрола.