Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) пристапи кон измени и дополнувања на Законот за водите заради полесно и поефикасно спроведување на одредбите во законот, дополнување на постапките за издавање на дозволите за користење на водно право, промена на постапката за заштита и подобрување на режимот на водите со вадење на песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површинските водни тела и обезбедување на поголема транспарентност на постапката за доделување на концесии за користење на вода. Предложените измени и дополнувања на Законот за водите имаат за цел да обезбедат заштита, зачувување и подобрување на водните ресурси преку рационално и одржливо користење на водите, кое ќе се обезбеди со јасно дефинирани постапки за користење на водите, испуштање во водите и заштита на режимот на водите.
Јавната расправа во врска со Нацрт-законот за водите ќе се организира денес (2 март 2022 год.) во 15:00 часот во Клубот на пратениците.
Oние кои не се во можност да присуствуваат ќе можат да се вклучат преку платформата ЗООМ на следниот линк:
https://us06web.zoom.us/j/84456040134?pwd=aGJjekFMcFBjc1BmSGdKbWZiWE9WQT09
Meeting ID: 844 5604 0134
Passcode: 123667
Законот за изменување и дополнување на Законот за водите е достапен за коментари/ забелешки по истите од 14 февруари до 15 март 2022 година.
Заради поголема вклученост на јавноста и поголем степен на транспарентност, јавната расправа е организирана со поддршка на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“, која ја спроведува Институтот за комуникациски студии.